вторник, 28. септември 2021. Вести денес: 174
home Познати

ФОТО: Ева Лонгорија ги шокираше светските медиуми со новиот изглед

Многумина сметаат дека актерката не била никогаш подебела.
ФОТО: Ева Лонгорија ги шокираше светските медиуми со новиот изглед

Познатата актерка Ева Лонгорија, која има 43 години, прошета на модната писта само три месеци по породувањето.

Таа се појави на Недела на модата во Париз, а покрај Ева на пистата продефилираа и многу други познати дами.

Она што на сите им го сврте вниманието, беше фустанот со цветен дезен во кој се појави актерката, но и изгледот на Лонгорија кој е драстично променет по раѓањето на нејзинито син Сантијаго.

Светските медиуми врз основа на фотографија која  се појави од ова модно случувања почнаа да пишуваат дека убавата актерка има проблем со вишокот килограми.

Исто така коментираа и дека лицето на Ева било бледо, а корисниците на социјалните мрежи се согласија додавајќи дека нејзините шминкери ја упропастиле.

Коронавирус