петок, 24. септември 2021. Вести денес: 134
home Познати

ФОТО: Џеј Ло и Бен Афлек фатени во иста поза како во 2002 година, папараците полудеа

ФОТО: Џеј Ло и Бен Афлек фатени во иста поза како во 2002 година, папараците полудеа

Бен Афлек и Џенифер Лопез со фотографија на која се бакнуваат за роденденот на пејачката и актерка ја потврдија нивната повторна врска.

Џеј Ло роденденот го прослави пред четири дена на јахта, а папарацо фотографите се обидоа да го фатат секој момент.

Од бакнежи и прегратки до сцена која на многумина им го привлече вниманието.

Имено, во спотот за хит песната “Jenny from the Block” има сцена на јахта во која Бен ја допира Џенифер. Овој пак двајцата, очигледно свесни дека ќе бидат фотографирани, одлучиле 19 години подоцна пред папараците да ја оживеат култната сцена.

Парот е во истата поза, а сликани се од речиси идентичен кадар.

Двајцата лудо се забавуваат и уживаат во обновената љубов, а нивните обожаватели се прашуваат дали оваа сцена е исценирана или е само случајност.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Evan Ross Katz (@evanrosskatz)

Коронавирус