сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 82
home Познати

Фото: Дунавка во Турција ужива со новиот партнер-поранешен висок функционер

Фото: Дунавка во Турција ужива со новиот партнер-поранешен висок функционер

Познатата и најкоментирана на социјалните мрежи манекенка Дунавка Трифуновска се пофали дека има нов дечко. Но и нејзиниот партнер поранешниот директор на финансиската полиција, Ване Цветанов преку социјалните мрежи објави дека е во врска со Трифуновска.

Парот во моментов е на одмор во Турција.

-Во принцип ретко објавувам приватни фотографии, но кога започнувам љубовна врска со жена во вистинска смисла на зборот, мојата врска ја објавувам јавно.
После мојата вчерашна објава се разбрануваа голем број на луѓе и следеа доста реакции. Повеќе од 95% беа позитивни честитки и посакување среќа.
Изразувам искрена благодарност за убавите честитки и коментари до сите кои што од срце се израдуваа и честитаа преку оваа прекрасна фотографија.
За оние 5% кои што имаат нејаснотии, им посакуваме да си ја пронајдат својата среќа.
Од срце Ви испраќаме гушки и поздрави од Турција!, напиша Цветанов.

Додека Дунавка на својот инстаграм профил објави фотографија на која и двајцата се во костими за капење и напиша: „Сродни души, среќа“.

 

 

View this post on Instagram

 

#happiness #soulmate

A post shared by Dunavka Trifunovska (@dunavkatrifunovska) on

Коронавирус