среда, 23. октомври 2019. Вести денес: 77
home Познати

ФОТО: Другарката на Сораја кажа „ДА“ – Давид клекна среде Босфор пред згодната Ана

ФОТО: Другарката на Сораја кажа „ДА“ – Давид клекна среде Босфор пред згодната Ана

Ана Кораќ и Давид Драгојевиќ решија својата љубовна врска да ја однесат на повисоко ниво.

Парот кој се запозна и својата љубовна врска ја започна во втората сезона од реалното шоу „Задруга“, деновиве се наоѓа во Истанбул каде Ана има работни ангажмани.

За Давид ова беше совршен момент да ја побара раката на својата сакана. Организирајќи романтична вечера на брод со кој пловеа по Босфор, момчето се потруди да ја воодушеви својата девојка, која во јавноста пред се стана позната како една од најдобрите другарки на Сораја.

Тие танцуваа на една од нивните омилени песни, а во еден момент Давид клекна пред Ана и ја побара за жена.

-Те сакам најмногу на светот. Ти благодарам што ми го направи поубав животот, – напиша Давид на социјалните мрежи.

-Само оној кој даде се, заслужува се. Те сакам. ДА, ДА, ДА, напиша меѓу другото Ана на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

Volim te najviše na svetu,hvala ti sto si mi ulepsala život ❤️💏💍 @ana_korac

A post shared by David Dragojevic Official (@david__dragojevic) on