Принцот Хари и војвотката од Сасекс, Меган Маркл одлучија да се повлечат од кралското семејство, а медиумите со денови пишуваат за оваа нивна одлука, реакцијата на кралицата Елизабета Втора, но и за тоа што следува.
Сепак една фотографира не престанува да ја бранува јавноста.
Станува збор за фотографира од свадбата на Меган и Хари од 19 мај 2018 година, на која кралицата ја набљудува невестата. Уште тогаш, на денот на нивната свадба и денови потоа, поради оваа фотографија следуваа низа коментари и објави во медиумите, дека Меган ги нема симпатиите на кралицата.
Се тврдеше дека на кралицата не и се допаѓал изборот на нејзиниот внук, бидејќи пред се станува збор за разведена Американка во доцните 30-ти.
Оттука, денес по одлуката на Хари и Меган за повлекување од кралското семејство, повторно се актуелизира фотографијата, а јавноста коментира дека било само прашање на време кога ситуацијата во кралското семејство по нивната свадба ќе ескалира.