среда, 14. ноември 2018. Вести денес: 76
home Познати

ФОТО: Цеца официјално доби снаа, Богдана му кажала „ДА“ на Вељко

ФОТО: Цеца официјално доби снаа, Богдана му кажала „ДА“ на Вељко

Богдана Родиќ, девојката на Вељко Ражнатовиќ се пофали на Инстаграм со веренички прстен и на тој начин објави дека ќе биде идната госпоѓа Ражнатовиќ, јавуваат српските медиуми.

Откако ја започнале врската, тие двајца се неразделни, а Богдана му била голема поддршка и во неговата боксерска кариера.

Вељко ја запознал Цеца со својата избраничка која оставила силен впечаток на идната сверква.

-Тој неодамна ја запозна мајка му со Богдана. Таа се засрами кога ја виде Цеца, но брзо се опушти. Пејачката се воодушеви од непосредноста на Богдана. Особено и се допадна тоа што е вредна и што им помага на родителите во семејната компанија. Цеца тоа исклучително го цени и затоа на Вељко му порача да внимава како се однесува, со оглед на фактот дека знае дека нејзиниот наследник е заводник, открива извор за еден српски медиум.

Цеца за сето ова имала само кус коментар.

-Во емотивниот живот на моите деца и нивните избори никогаш не сум се мешала, ниту за тоа јавно сум коментирала. Иако се млади, тие одлично знаат дека сум тука да им помогнам ако за тоа има потреба. Можам само да кажам дека Богдана е културна, убава и воспитана девојка која доаѓа од домаќинско семејство, што ми е многу мило, изјавила Цеца.