петок, 22. ноември 2019. Вести денес: 60
home Познати

ФОТО: Борко ја запроси Николина, па се пофалија на Инстаграм

ФОТО: Борко ја запроси Николина, па се пофалија на Инстаграм

Македонските ракометари в четврток заминуваат за Загреб, па деновите во Скопје се одбројуваат, затоа Борко Ристовски се потруди да ги искористи максимално.

Голманот на македонската ракометна репрезентација ја побарал својата девојка за жена, се пофали на Инстаграм.

„Некој кој навистина ве сека, гледа каков неред може да бидете, колку нерасположени може да станете и колку тешко е да се справи со вас, но и понатаму ве сака. Благодарам што си секогаш тука за мене“, напиша Борко на Инстаграм, покрај фотографијата од нив двајца и со прстенот на раката на неговата девојка Николина.

Таа самата во октомври ја сподели убавата вест дека очекуваат бебе и тоа син-наследник на популарниот „министер за одбрана“ на македонската репрезентација.