Густа брада, вишок килограми, преголема облека, очила, поради сето тоа папараците едвај го препознаа Мел Гибсон.
По успешната холивудска кариера, денес страниците на медиумите тој ги полни главно со турбулентниот љубовен живот. Иако во деновите на најголемата слава Гибсон ја одушевуваше публиката со многуте филмски улоги во мегахитовите, во последниве години, особено по скандалот во кој ги навреди американските полицајци и Евреите, Мел се повлече од јавниот живот, а ретко се појавува на некој настан.
Овој 62-годишен глумец во моментот е во врска со 27-годишната Росалинда Рос, со која папараците го уловија деновиве во Малибу. Поради запуштениот изглед, тој веќе е непрепознатлив.
Мел и Росалинда се во врска три години и го имаат синот Ларс, кој на крајот на месецов ќе наполни три години. Инаку, овој контроверзен глумец има вкупно 10 деца. Седум доби со првата жена Робин Мур, со која беше во брак 31 година, а со пијанистката Оксана Григориева ја има осумгодишната ќерка Лука.