петок, 18. октомври 2019. Вести денес: 107
home Познати

ФОТО: Белов ги објави највозбудливите фотографии од свадбата, а напиша и емотивна порака за тазе сопругата

ФОТО: Белов ги објави највозбудливите фотографии од свадбата, а напиша и емотивна порака за тазе сопругата

Поп пејачот Александар Белов пред една недела, односно на крајот од месец септември заплови во брачните води со својата избраничка, Србинката Јелена Станковиќ, со која претходно беше во долга љубовна врска.

Свадбената веселба се случи во еден хотел во Крагуевац, градот на невеста, а каде Белов последниве години се пресели да живее.

Еуфоријата по свадбата за младите полека стивнува, па следи делот каде се разгледуваат фотографиите, највозбудливите моменти, па како си поминале гостите, од кој каков подарок добиле и сл.

Но на Белов во фокусот му е само едно, а тоа е неговата сакана сопруга на која уште едаш репризно и на Фејсбук и го порача она што како цитат го кажал пред почетокот на свадбениот танц.

„Среќен е оној маж што ќе најде вистински пријател, а најсреќен е оној, што најдобриот пријател ќе го најде во својата сопруга“, напиша Белов за една од веројатнои неговите омилени свадбени фотографии.

Ниту невестата не остана должна со емотивните изјави, па и таа сподели свои фаворити од фотографиите ама и една слатка реченица:

-Кога љубовта ќе се случи и животот ќе те погоди, тука сум јас и тука си ти, напиша Јелена.

Инаку, свадбата на Александар и Јелена не беше голема, а беа поканети 250 гости.

извор: Вистина.мк