среда, 25. април 2018. Вести денес: 79
home Познати

ФОТО: Ана Ивановиќ ја објави првата фотографија од синот Лука

ФОТО: Ана Ивановиќ ја објави првата фотографија од синот Лука

Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер на 18-ти месецов станаа родители на синот Лука, а поранешната тенисерка само неколку дена по раѓањето на синот ја објави првата фотографија со него.

Ана објави фотографија на која се гледа раката на малиот Лука.

Ивановиќ ја искористи можноста и да им се заблагодари на големиот број обожаватели за честитките.

-Им благодарам на сите за убавите зборови. Сите сме среќни, здрави и опкружени со толку многу љубов, напиша Ана.

Претходно на социјалните мрежи, фотографија од малиот Лука објави и гордиот татко.