сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 82
home Познати

Фолкерката Сани Гроздановска има важна порака: „Држи си ја устата затворена“… освен кога пееш! (ФОТО)

Фолкерката Сани Гроздановска има важна порака: „Држи си ја устата затворена“… освен кога пееш! (ФОТО)

Во какво време живееме, човек да не може, да не смее ништо да каже… Ниту да се пофали, ниту да се пожали… Не дај Боже нешто или некого да посакаш да искоментираш… Ќе “награбусиш“… Затоа денес најпаментно е да си го задржиш мислењето за себе. Молчи си, трај си – прај си…  Оние што тераат мижи – бутај тактика, најдобро си поминуваат. Па не поусто ја измислиле поговорката: „Молчењето е злато“.

Така е, ама не е така… Да беше, молчеливите ќе беа „златари“! Сепак дека не треба секогаш гласно да размислуваш и ама баш секому да се доверуваш, е повеќе од сигурно. А Бога ми и мудро. Тоа најдобро по се изгледа на своја кожа го почувствувала и македонската фолкерка Сања Сани Гроздановска, па Фејсбук профилот и е полн со мудри поуки.

На естрадата маркетингот е важен, па дури и онаа: „Фали ме усто да не те расчешнам“ е понекогаш од полза, ама не секогаш. Зашто откривањето на сопствените планови, намери или остварувања, води и кон длабоки разочарувања. Особено во луѓето, кои неретко си ги сметал(а) за многу блиски и луѓе од доверба!

Дали Сани скоро со такво разочарување се соочила  –  конкретно не откри, па одговорот го прескочила… Но, дека наместо да се радуваат, најчесто оние од кои најмалку се надеваш на твојата среќа ти завидуваат, е сосема сигурно. Веројатно низ такво нешто  фолкерката минала, па сега како што „попарен петел бега и од дожд“, пејачката „изгорена на млекото, дува и на јогуртот“.

И не само што научила да внимава, да се пази оддлеку, туку решила и со јавно предупредување да ги потсети блиските пријател(к)и навреме… „Да си ја држат устата затворена“! Како што тоа сега го прави и самата… Се разбира, освен кога пее!

Коронавирус