среда, 20. ноември 2019. Вести денес: 6
home Познати

Фаталната Моника го смени имиџот- стана црвенокоса (ФОТО)

Фаталната Моника го смени имиџот- стана црвенокоса (ФОТО)

Моника Белучи, како што многумина велат, е една од најубавите жени на светот и иако е длабоко во шестата деценија, сепак изгледа совршено.

Неодамна ја исече косата, што беше нејзин заштитен знак, а повеќето се согласија дека по оваа промена е уште поубава.

Актерката присуствуваше на церемонијата на доделувањето на наградите на Филмскиот фестивал Лумиер во францускиот град Лион, а за црвениот тепих избра елегантна тоалета во винска нијанса и дискретно деколте.

Сепак, обожавателите на Моника беа најмногу изненадени од нејзината црвеникава, кратка коса, а повеќето коментираат дека Белучи изгледа 10 години помлада со својата нова фризура.