петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 147
home Познати

ФАТАЛНА ЗАВОДНИЧКА: Се разведе од Џони Деп, влезе во авантура со милијардер, а сега е со женет маж

ФАТАЛНА ЗАВОДНИЧКА: Се разведе од Џони Деп, влезе во авантура со милијардер, а сега е со женет маж

Холивудската актерка Амбер Херд влезе во нова романса.

По бурниот развод од Џони Деп, Амбер имаше неколку врски. Сега, според таблоидите, е видена во романтична врска со оженет маж.

Таа е во врска со дизајнерот Кристофер Брок, кој е соосновач на модниот бренд Brock Collection. Втор основач е неговата сопруга, Лаура Васер, со која и натаму е во брак.

Амбер со новиот партнер е видена во еден бар во Њујорк, а потоа и на романтична вечера на Беверли Хилс.

Таа во Холивуд е позната како фатална заводничка, поради која актерот Џони Деп ја остави својата долгогодишна партнерка Венеса Паради. По една година Амбер се разведе од Џони Деп и го обвини за физичко насилство.

По тоа актерката беше во врска и со милијардерот Илон Маск, кој јавно во медиумите призна дека плачел поради нивната разделба.

Коронавирус