вторник, 10. декември 2019. Вести денес: 131
home Познати

Фановите во шок, состојбата загрижувачка: Познатиот пејач заврши во болница (ФОТО)

Фановите во шок, состојбата загрижувачка: Познатиот пејач заврши во болница (ФОТО)

Пејачот Арон Картер е во болница од непознати причини. Фотографијата ја објави неговата мајка Џејн Картер на Инстаграм и ги загрижи бројните фанови на нејзиниот син.

„Мама ќе се грижи за тебе“, напиша Џејн Картер на фотографијата од својот син во болнички кревет во една болница во Флорида.

Таа додаде на Твитер дека ќе управува со неговите профили на социјалните мрежи сè додека пејачот не закрепне.

 

View this post on Instagram

 

Mommas gonna take care of you

A post shared by Aaron Carter (@aaroncarter) on

Картер неодамна ги шокираше фановите кога призна дека се бори со проблеми со менталното здравје. За време на интервјуто во емисијата  “The Doctors” , Арон на гледачите им покажа торба полна со лекови што ги користи за шизофренија, биполарно растројство, манична депресија и акутна вознемиреност.

Кори Колд Фелдман, со кого Картер глумеше во шоуто “Marriage Boot Camp: Family Edition” , се чини дека знае повеќе.

Иако често се расправал со Картер, тој сега ги повика неговите фанови да му дадат безрезервна поддршка „без оглед што зборуваше за мене во минатото“, напиша актерот и дополни дека „наскоро ќе се открие повеќе“.