среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 93
home Познати

Фановите на пејачот тажни: Халид Бешлиќ со голема животна одлука во 2019 година

Фановите на пејачот тажни: Халид Бешлиќ со голема животна одлука во 2019 година

Во Офенбах, Германија од почетокот на годинава веќе живеат неговиот син Дино со сопругата Махира и близнаците Ламија и Белмин-Кан.

-Снаата доби добра работа во Германија , така што се решија да заминат од БиХ. Офенбах ќе биде нивната нова база. Се разбира дека мене и на Сејда ќе ни недостигаат внучињата , така што од февруари- март ќе живееме на релација Германија-Бих. навикнати сме да бидеме со внуците , така што секој слободен момент ќе го користиме да бидеме со нив, вели Бешлиќ и додава дека за неколку месеци заминува во заслужена пензија во Германија, а ги има исполнето и сите услови за пензионирање во Босна.

-Со години уплатував во пензискиот фонд во Германија, така што ќе може да уживам кога ќе се повлечам од музичката сцена, додава пејачот.

Секако Халид не е уште за во пензија , така што ќе продолжи да пее и да се дружи со своите фанови низ целиот свет, вели Бешлиќ во интервју за босанските медиуми.