четврток, 1. октомври 2020. Вести денес: 150
home Познати

Фановите бесни на Кајли Џенер поради подарокот кој ѝ го дала на 1-годишната ќерка: „Сериозно?!“

Фановите бесни на Кајли Џенер поради подарокот кој ѝ го дала на 1-годишната ќерка: „Сериозно?!“

На кого му требаат играчки за Божиќ кога може да имате дијаманти?

Токму тоа го направила Кајли Џенер која на својата 1-годишна ќерка Сторми ѝ подарила дијамантски прстен за Божиќ.

Инфлуенсерката и бизнисменка објавила кратка снимка од ќерката на Инста-стори, со прстен, која веднаш ја избришала. Но, снимката ја објавил магазинот „The Shade Room“ на Инстаграм и многу брзо предизвикала многу реакции.

 

View this post on Instagram

 

#PressPlay: Okay! Baby #Stormi got some ice this Christmas too ??

A post shared by The Shade Room (@theshaderoom) on

22-годишната членка на кланот Кардашијан-Џенер, веднаш добила илјадници критики.

„Знам дека луѓето работат за пари, но со тие пари можат да нахранат некого, да му платат медицински преглед или да засадат дрво“, е еден од коментарите на Твитер.

 

View this post on Instagram

 

most wonderful time of the year ✨ thank you @ralphandrusso for the custom dresses.

A post shared by Kylie ✨ (@kyliejenner) on

„Кајли е толку глупава. Навистина на 1-годишно дете му купила дијамантски прстен“, е уште една од реакциите.

„Во ред е, но Сторми го прослави најдобриот Божиќ на сите времиња“, напишала Кајли покрај уште една фотографија на Инста-стори, а на неа се гледа и другиот подарок за ќерката – пони.

Се разбира, имало и такви кои ја бранеле Кајли Џенер, велејќи дека со своите пари може да си купи што и да посака.

Најнови вести

Коронавирус