петок, 28. јануари 2022. Вести денес: 119
home Познати

„Фала ти Боже“: Македонскиот пејач се ожени во соседството, па сега стана татко – еве кое име го одбра за првото свое дете (ФОТО)

„Фала ти Боже“: Македонскиот пејач се ожени во соседството, па сега стана татко – еве кое име го одбра за првото свое дете (ФОТО)

Македонскиот пејач кој од нигде-никаде своевремено стана ѕвезда преку учеството во регионалното музичко талент шоу „Операција триумф“, а вчера, на 13.01.2022 год. на Василица или Стара нова година, додека на многумина кои кршеа лепче им падна паричката, анему му се оствари еден голем животен сон. Имено, Александар Белов за прв пат стана татко, па успешната „операција од својот животен триумф“ ја обзнани на социјалните мрежи.

Тој и неговата сопруга Јелена за прв пат се остварија како родители, откако таа на свет донесе здраво женско дете, а девојчето го доби името Мина.

 

„13.01.2022 Ти благодариме Боже што ни дозволи да станеме родители … @ jelena.belov ти благодарам што ни ја донесе нашата нова заедничка љубов … Се роди Мина Белов!“ – напиша во описот покрај фотографијата на која пејачот е на една од ретките фотографии на кои е сликан со неговата бремена сопруга, која долго ја криеше бременооста барем од македонската јавност, зашто откако се ожени и пресели да живее во Србија, за Белов многу малку се слуша кај нас.

Имено, Александар и неговата сопруга Јелена Станковиќ останаа да живеат во Крагуевац, а пејачот лани откри како го минува времето дома, за време на карантинот во време на најжестоките налети на корона пандемијата.

„Во ова вонредна состојба, која непланирано нѐ снајде, друга опција освен да седиме по дома немаме. Сите мораме да се чуваме за да ја победиме оваа борба со невидливиот непријател. Битно е да сме сите добро. Слободното време сега е во изобилие па го користам да слушам музика, да гледам филмови и да играм плестејшн и некако поминува времето“ – изјави тогаш белов за македонските медиуми, но очигледно, за среќа и радост негова, на неговата сопруга, но и на двете фамилии, очигледно се работело и на нешто друго. На проширување на семејството, кое сега брои уште еден нов член, нивната нова љубов, малечката принцеза Мина.

Нека им е со среќа доаѓањето на свет на ќеркичката, да биде жива и здрава, среќна и успешна како тато… и мама!

Коронавирус