петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 136
home Познати

Еве што и порача Кеба на Северина

Еве што и порача Кеба на Северина

Во четвртокот нешто по осум часот вечерта, Северина Којиќ во придружба на сопругот Игор го донесе нејзиниот 7,5-годишен син и му го предаде на поранешниот сопруг Милан Поповиќ, како што е решено со судска наредба и привремена мерка.

Веста за конечната пресуда на судијата Теа Голуб и привремената мерка малолетното момче да продолжи да живее со својот татко и повремено да ја гледа мајка си, дури и поретко отколку што е вообичаено во слични парници, не престанува да предизвикува реакции.

Се разбира, нејзиното семејство застана во одбрана на Северина, а познатиот пејач Драган Којиќ-Кеба, татко на Игор Којиќ, беше меѓу првите што остро реагираше.

– Криминал и преседан е да се одземе дете од својата мајка по 7 години. И оваа „војна“ најмногу го повредува детето . Но, кога доволно ќе порасне, тој лесно ќе одлучи на кого и колку време да му посвети … Малиот Александар ќе го реши тоа и порано и ќе стане Александар Велики … ја видов и почувствував оваа мудрост во неговите чесни детски очи … Дај боже, се ќе биде океј… П.С. Благодарност до фановите што ја доставија снимката – напиша Кеба на Инстаграм.

Пријателите и фановите се согласија со него во коментарите, изразувајќи и самите неверување од судската одлука.

 

Коронавирус