сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 106
home Познати

Еве кои се најконфликтните дами на Холивуд

Еве кои се најконфликтните дами на Холивуд

Има многу конфликтни ситуации во шоубизнисот. А честопати, тие излегуваат и вон филмските и музичките продукции, исфрлајќи го „валканиот веш“ во таблоидите. Следат неколку од конфликтните дами од поновата филмско-музичка историја…

Ен Хатавеј

Малку по малку, Ен стана една од најомразените глумици меѓу колегите. Нејзината арогантност и тежок карактер ги тераат другите да не ја канат на општествени настани. Освен тоа, уметниците сметаат дека таа како уметница и како човек се две различни личности. Меѓу најпрезрените нешта ѝ е вештачката насмевка, зад која, според многумина, како да се крие омраза кон опкружувањето.

Кристина Агиљера

Дарбата на пејачката е неспорна. Изгледа страотно и се обидува да ги освои срцата на обожавателите. Но, во шоубизнисот, се чини, не ја сакаат многу… Според некои кажувања, зад убавата „фасада“ се крие „тешка“ личност. Познато е, на пр., дека како член на жирито во емисијата „Гласот на Америка”, Кристина доста студено ги прифаќала младите таленти. Според многумина, таа е позната и по своето грубо поведение.

Анџелина Џоли

И покрај многуте добри дела, Анџелина, исто така, важи за презрена личност од страна на колегите. Се разбира, многумина очигледно ѝ завидуваат на високите хонорари и тоа што режисерите ја бараат. Други пак, просто, ја сметаат за арогантна. Причината за тоа се некои интервјуа со ѕвездата, во кои таа некои познати личности јавно ги нарекува глупави.

Освен тоа, и на дел од „обичните Американци“ не им се допаѓа. Според многумина, невозможно е да ѝ се прости страста кон „забранетите супстанции“ во минатото. Некои пак, не можат да заборават дека таа беше причината за разделбата на Бред Пит со Џенифер Анистон. (МИА)

Коронавирус