петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 153
home Познати

Еве како изгледа Сања Николиќ по породувањето (фото)

Еве како изгледа Сања Николиќ по породувањето (фото)

Пред речиси половина месец, раперот Марко Маринковиќ-Слаткар и неговата сопруга, екс-мисица и водителка, Сања Николиќ, станаа родители за првпат.

Во една од приватните скопски болници, на свет дојде нивниот наследник кој доби уникатно име – Моша.

Деновиве, како и секое бебе, Моша ги прави вообичаените работи и секако ја впива мајчинската и татковата љубов.

Сања не е некој активен корисник на социјални мрежи, но затоа Слаткар, особено сега како горд татко, редовно објавува по некој интересен детаљ од големата промена во нивниот живот.

Најпрвин го покажа синот, и тоа набрзо откако дојде на свет, а потоа не можеше да додржи да не ја покаже и саканата која му роди син, се уште легната во болничкиот кревет.

„Љубавино моја… Те сакам, премногу те сакам“ – ставајќи и емотикони покрај изјавата полна со изливи на љубов!

Сања изгледа свежо и горделиво за улогата која сме сигурни дека овој половина месец и донесе друга животна димензија.

 

Коронавирус