сабота, 18. јануари 2020. Вести денес: 1
home Познати

Евакуирани Арнолд Шварценегер и Леброн Џејмс

Евакуирани Арнолд Шварценегер и Леброн Џејмс

Холивудскиот актер Арнолд Шварценегер и кошаркарската ѕвезда од ЛА Лејкерс, Леброн Џејмс се евакуирани поради пожарите кои беснеат во Калифорнија и Лос Анџелес.

Повеќе од милион домови и деловни објекти се останати без струја откако вчераутро изби голем поажр во близина на музејот Гети во Лос Анџелес.

На илјадници лица, од некои од најбогатите квартови во градот, им е наредено  да ги напуштат своите домови, меѓу кои се и Шварценегер и Џејмс, кој со семејството бил присилен да се евакуира.

Во Калифорнија е прогласена вонредна состојба, а евакуација се спроведува во Лос Анџелес.