понеделник, 19. август 2019. Вести денес: 8
home Познати

Ешли Греам порачува: За успешен брак е потребен редовен секс

Ешли Греам порачува: За успешен брак е потребен редовен секс

Познатиот модел со облини, Ешли Греам, вели дека за долг и успешен брак најважен е сексот. Таа за магазинот Elle раскажа како го одржува бракот со Џастин Ервин, делејќи им совет на читателките.

„Мојот совет е да постојано да водите љубов, дури и кога не ви е дојдено до секс. Имам забележано дека кога не водиме љубов еден кон друг стануваме арогантни, додека кога сме интимни потоа се обожаваме. По сексот веднаш ни се подобрува расположението“, вели Ешли.

Таа и нејзиниот сопруг се воздржувале од секс пред бракот, а на таа тема Ешли открива:

„Имаше хемија меѓу нас и воопшто не бев загрижена каков ќе ни биде сексот. Поважно ми беше да изградиме доверба и поврзаност еден кон друг, да сфатам дали тој  е навистина човекот со кој ќе го поминам животот“.

Парот се запознал во 2009 година во црква, една година подоцна се венчале. На прашањето за деца, таа вели дека тоа ќе се случи кога ќе биде вистинско време.