понеделник, 18. октомври 2021. Вести денес: 41
home Познати

Ентони Хопкинс изненаден од новиот Оскар

Ентони Хопкинс изненаден од новиот Оскар

Филмскиот ветеран Ентони Хопкинс е изненаден од новиот Оскар. За него, како и за многумина други, починатиот Чедвик Бозман важеше за фаворит за одличјето за најдобар глумец во главна улога. Глумецот објави и видео на Инстаграм, во коешто се заблагодарува за наградата и го спомнува неговиот покоен колега.

– Добро утро! Јас сум тука, во мојата родна земја Велс и на 83-годишна возраст не очекував да ја добијам оваа награда. Јас навистина не го очекував тоа!, вели Хопкинс на видеоврската.

По заблагодарувањето кон Академијата, тoj рече: – Сакам да го споменам и Чедвик Бозман, кој нѐ напушти прерано. Се чувствувам крајно поласкан од оваа награда!

По објавувањето на Хопкинс за победник, некои на интернет коментираа и дека Академијата му ја одзела последната награда на Бозман.

Ентони Хопкинс е најстариот актер кој добил Оскар за машка главна улога. Статуеткава е втора во неговата кариера по 1991 година, кога го доби одличјето за ликот на психопатот Ханибал Лектор во филмот „Кога јагнињата ќе стивнат“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anthony Hopkins (@anthonyhopkins)

Локални избори 2021