среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 127
home Познати

Емотивни фотографии: Карлеуша не се одвојуваше од Душко на погребот на татко му (ФОТО)

Емотивни фотографии: Карлеуша не се одвојуваше од Душко на погребот на татко му (ФОТО)

За српскиот фудбалер Душко Тошиќ оваа година беше многу турбулентна. Во јули потпиша милионски договор и отиде да игра во Кина, а пред четири дена почина неговиот татко Милорад.

-На Душко сестра му му јавила дека татко му починал. Тој бил во шок кога чул, бидејќи се надевал дека ќе оздрави, со оглед на тоа дека последните денови бил префрлен на приватна клиника. Погребот бил поместен, бидејќи Душко од Кина не можел да стигне толку брзо, а на погребот негова најголема поддршка била неговата сопруга Јелена Карлеуша. Се гледаше колку го сака, цело време го прегрнуваше и држеше за рака. Не се одвојуваше од него. Беше во црнина и баш се потруди да ги испочитува сите обичаи за погреб- вели извор за Ало.

-Цело село дојде на погребот на Милорад. Луѓето го сакаа бидејќи беше чесен и добар човек и сите сакаа да го испратат во вечното почивалиште. Душко на почетокот се држеше некако, прегрнувајќи ги мајка и сестрата. Но кога ја виде Јелена, која дојде подоцна, се растажи. Со Јелена дојдоа и нејзината мајка Дивна и тетка и Даниела. Цело време се нудеа да помогнат. Но мене ме одушеви Јелена која не се одвојуваше од мажот. Беше природна ненашминкана, не беше воопшто нападна. Нивните ќерки Ника и Атина  не беа, но тие се многу мали, тоа би било премногу за нив-открива изворот.

Коронавирус