петок, 18. јуни 2021. Вести денес: 21
home Познати

Емотивна објава од Северина за Балашевиќ: Беше многу лут на неа поради оваа песна, но остана нејзин идол до крајот на животот

Емотивна објава од Северина за Балашевиќ: Беше многу лут на неа поради оваа песна, но остана нејзин идол до крајот на животот

Со емотивна објава Северина му кажа последно збогум на нејзиниот идол Ѓорѓе Балашевиќ.

„Сите жени чекаа таков, како од твоите песни“, му пишува хрватската пејачка на починатиот пејач.

Цел живот таа се воодушевувала на неговата кариера. Но, еден момент таа многу го налути Балашевиќ.

Северина открива дека неговиот син Алекса бил нејзин голем фан, но баш песната посветена на Алекса му донесе грутка во грло на Балашевиќ, за што самиот неодамна ја прозва пејачката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

Таа ја преработила песната „Успаванка за дечака“ на Балашевиќ, но за тоа не побарала дозвола.

По тој повод, Балашевиќ се обрати до Северина, но и до јавноста, преку профилот на Фејсбук на својата ќерка Јелена:

Алекса се роди 1995 година. Старата куќа се рушеше тоа лето и Оља со него и нашите ќерки мораше преку ноќ да си отиде од под покривот кој протекуваше. Во тие темели ја изградив ‘Успаванка за дечака’. За мојата единствена љубов, наместо рози од ползавецот врз кој се урна чардакот. За неа и малиот Алекса, за Лола и за Беба. За нашите три лавчиња. Не знам дали во некој хороскоп постои година на крадци?“, напиша Балашевиќ, спомнувајќи ги оние кои без срам препејувале негови песни и се нарекувале себе „трибјут“.

„И додека го пишувам ова сигурно некој веќе изведува некоја моја песна, но за среќа публиката го разликува вистинскиот Балашевиќ од оние кинеските. Но, со ‘Успаванка’ е нешто сосема друго“…

ЕУРО 2020

Македонија