среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 60
home Познати

Емина Јаховиќ: „Имаше денови кога буквално немав што да јадам“

Емина Јаховиќ: „Имаше денови кога буквално немав што да јадам“

Емина Јаховиќ за време на гостувањето во позната ТВ-емисија откри досега непознати детали од своето детсво. Имено, пејачката се потсети на времето кога го загубила својот татко, кој починал кога таа имала само шест години.

Се сеќавам дека тој ден си играв, а мајка ми плачеше. Мојата мајка е исклучително силна жена“, изјави поп-пејачката.

Таа откри дека во текот на животот имала машки идоли и дека нејзиниот дедо ѝ бил голем пример. Исто така, она што малкумина го знаат е дека пејачката со семејството поминала низ многу тежок период. И покрај славата што ја ужива, таа не го крие тој факт од јавноста.

– Се сеќавам дека имаше денови кога буквално немав што да јадам, откри пејачката.

Извор: Убавина и здравје

Коронавирус