вторник, 26. октомври 2021. Вести денес: 0
home Познати

Емина Јаховиќ има ново момче милионер?!

Емина Јаховиќ има ново момче милионер?!

Популарната пејачка Емина Јаховиќ веќе неколку месеци е во тајна врска со помладиот син на турскиот милионер Ибрахим Чечен, сопственикот на една од најголемите компании во Турција.

Убавата Емина откако на крајот на минатата година ја заврши врската со турскиот бизнисмен Садетин, пред неколку месеци повторно на истото место во истата теретана си најде нова љубов. Турските медиуми шпекулираат дека Емина своето ново момче Салих Чечен го запознала во истата теретана во која го запознала и Садетин.

Инаку, освен тоа што сегашното и поранешното момче на Емина се занимаваат со инвестиции и вложувања во туризмот и двајцата се „тешки“ по неколку милиони долари а воедно и двајцата секојдневно посетуваат теретана.

Според медиумите Емина само на најблиските им кажала за новото момче, но како поранешна сопруга на најпознатиот турски пејач Мустафа Сандал не успеала новата романса да ја зачува во тајност.

Емина Јаховиќ засега е без коментар за медиумските шпекулации дека за само една година завела двајца турски милионери.

Најнови вести

Локални избори 2021