четврток, 15. април 2021. Вести денес: 0
home Познати

Емина Јаховиќ го покажа луксузот во кој ужива во Истанбул: Пејачката фрли брдо пари за домот кој изгледа како од списание (ФОТО)

Емина Јаховиќ го покажа луксузот во кој ужива во Истанбул: Пејачката фрли брдо пари за домот кој изгледа како од списание (ФОТО)

Српската пејачка Емина Јаховиќ со месеци работеше на темелно уредување на својот нов дом во Истанбул.

Пејачката во новиот дом живее со двата сина кои ги има од бракот со популарниот пејач Мустафа Сандал.

Во новиот дом каде го наоѓа својот мир преовладуваат четири бои. Сива, крем, бела и златна, а минималните декоративни детали го нагласуваат луксузот.

Бидејќи прозорите се големи во нејзиниот дом влегува многу светлина, а тоа особено и се допаѓа на пејачката.

Извори за медиумите велат дека Емина ни малку не се штедела за овој луксуз во кои ќе престојува додека е во Турција.

Пејачката освен најлуксузниот мебел, посебно значење му дала и на осветлувањето во домот, како и на декорацијата која му дава посебна атмосфера и топлина на домот.

Најнови вести

Коронавирус