понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 142
home Познати

Елтон Џон си доби своја Барби: Самиот го осмислил нејзиниот изглед (ФОТО)

Елтон Џон си доби своја Барби: Самиот го осмислил нејзиниот изглед (ФОТО)

Легендарниот Елтон Џон доби сопствена барбика. Куклата има долга, бујна виткана коса и очила слични на оние што ги носи Елтон Џон. Нејзиниот стајлинг вклучува јакна на која пишува „Елтон“, а панталоните имаат иницијали на пејачот.

-Ова за мене е исклучителна чест, да добијам своја кукличка. Барби секогаш беше модна икона, а со неа сигурно ќе си играат и идните генерации, рече Елтон Џон на претставувањето на барбиката.

Музичарот соработувал со творците на куклата, а најтешко му било да ги избере очилата кои ќе ја красат русокосата икона.

-Имам многу очила. Навистина премногу, мислам дека во текот на животот сум собрал околу 20.000 парчиња. Мислам дека на крај добро одбрав, да го имаат мојот жар, рече Елтон, кој го осмислил целиот стајлинг на барбиката.

Цената на куклата е околу 40 евра.

Коронавирус