недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 9
home Познати

Елон Мaск првпaт меѓу петте најбогати луѓе во светот

Елон Мaск првпaт меѓу петте најбогати луѓе во светот

Американскиот претприемач и основач на Tesla и SpaceX, Елон Маск по првпат се најде во листата на Forbes од пет најбогати луѓе во светот.

Според списанието, богатството на Маск изнесува 74,2 милијарди долари. Во средината на март, тој беше 31 по ред, на списокот најимотни. Оттогаш, како што велат податоците состојбата му се подобрила скоро трипати, а акциите на Tesla се повредни за речиси 300 отсто од почетокот на оваа 2020 година.

Првите три места, според списокот на Forbes, ги заземаат директорот на „Amazon Џеф Безос со богатство од 189 милијарди долари, раководителот на Louis Vuitton Moët Hennessy Бернар Арно со 113,8 милијарди долари и на трето место е основачот на Microsoft Бил Гејтс со 113,4 милијарди долари. Маск е зад основачот на Facebook Марк Закерберг, чијшто севкупен имот се проценува на 90,3 милијарди долари. Шести е поранешниот раководител на Microsoft Стив Балмер со 72,2 милијарди долари.

Коронавирус