сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 33
home Познати

Елена во проблеми: Ќерката на Миле Китиќ стана мета на осуди, ова е причината

Елена во проблеми: Ќерката на Миле Китиќ стана мета на осуди, ова е причината

Ќерката на славниот пар Миле Китиќ и Марта Савиќ, Елена, беше мета на осуда на твитерџиите, бидејќи пее на „плејбек“ за време на настапи.

Иако не се експонира јавно, Елена често наидува на критики кога се во прашање нејзините настапи, што беше случај и овојпат, со оглед на тоа што твитерџиите немаа убави зборови кога е во прашање нејзиниот последен настап.

Имено, фановите се изреволтирани што Елена не пее во живо, туку само „отвара уста“.

-Глумица една, го тргнува микрофонот, а песната оди сама по себе. Малку ми е жал за оваа Китиќ. Овде е пет години, а како да не е. Ниту некој бум хит, особено не интересен, ниту некои посебни изведби. Реално, Бресквица има посилна кариера од оваа за половина година постоење, напишаа на Твитер.

Коронавирус