среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 1
home Познати

Елена Ристеска со фотографија стара 22 години се прости од Драган Вучиќ: „Се уште сум во шок“

Елена Ристеска со фотографија стара 22 години се прости од Драган Вучиќ: „Се уште сум во шок“

Македонските јавни личности со статуси на социјалните мрежи се простија од македонската легенда Драган Вучиќ кој почина како последица од коронавирус.

Драган бил хоспитализиран на инфективната клиника во Скопје, а по влошувањето на здравствената состојба тој ја изгуби битката со вирусот.

Неговите пријатели, колеги, соработници…се во шок од веста за смртта на водителот.

Македонската пејачка Елена Ристеска од македонскиот водители се прости така што на социјалните мрежи објави фотографија стара 22 години кога го сретнала Вучиќ во една емисија.

„Ова е 1998 година, уште не бев почната со кариера, имаше во склоп на „Сител бамбини“, избор на најдобра маска, јас бев Касандра. И ете слика со Драган. Се уште сум во шок. Сочувство до семејството, посебно до Мартин. Загуба на родител – какво е чувството не се објаснува“ напиша Ристеска во описот на фотографијата.

Драган беше познат по бројните емисии и квизови како „Вашите пет минути“, „Среќни луѓе“, „Возење со Вучиќ“ и последната „Гурмански муабети“.

Најнови вести

Коронавирус