недела, 15. септември 2019. Вести денес: 77
home Познати

Една и единствена: Жељко Самарџиќ во Скопје доби мало изненадување од македонската пејачка (ФОТО)

Една и единствена: Жељко Самарџиќ во Скопје доби мало изненадување од македонската пејачка (ФОТО)

Жељко Самарџиќ сношти одржа спектакуларен концерт во Арената „Борис Трајковски“ во Скопје.

Љубителите на неговата музика имаа прилика да уживаат во неговите хитови како што се „Грлица“, „Штета“, „Дајте једни лошу“, „Безобразно су зелене“…

Жељко на концертот го спомна  и Тоше Проески, а во негова чест ја отпеа песната „Анџеле“.

Самарџиќ има многу пријатели низ Македнија, а меѓу нив и пејачката Калиопи Букле.

Калиопи не можеше да присуствува на концертот на нејзиниот колега бидејќи беше надвор од Македонија, но затоа му прати поздрав и мало изненадување.

Имено, Калиопи му прати цвеќе на Жељко со посвета:

„Пријателе мој, кога не сум таму јас сум со тебе. Вечерва биди величествен, како што си секогаш. Те сакам“ напиша Опи во посветата.

Самарџиќ овој гест го сподели на својот „Инстаграм“, а во описот напиша „Еднинствена и неповторлива“.