вторник, 12. ноември 2019. Вести денес: 57
home Познати

Една фотографија им ја откри тајната: Бредли на усните има трага од карминот на Гага (ФОТО)

Една фотографија им ја откри тајната: Бредли на усните има трага од карминот на Гага (ФОТО)

Од неодамнешното доделување на Оскар целиот свет не престанува за зборува за романсата  на Бредли Купер и Лејди Гага. Гласините се зголемија после нивниот заеднички настап на церемонијата на доделувањето на Оскарот, кој беше премногу интимен, па многумина тврдат дека такво нешто е тешко да се одглуми.

Филмот „Ѕвездата е родена“, почна да се прикажува уште минатата година, а во екот на аферата после Оскарот фановите почнаа да ги преиспитуваат сите нивни заеднички појавувања во јавноста и забележаа детал кој многумина не го забележаа.

Имено на фотографијата од премиерата на филмот на 24 септември 2018 година во Лос Анџелес на која Бредли и Гага позираат еден крај друг, фановите забележаа траги од црвен кармин на усните на актерот. Тоа не би било многу чудно доколку Лејди Гага, која позира крај него немала идентична боја на кармин.