среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 93
home Познати

Еден од нив да остане жив во случај на несреќа- ова бил „пактот“ на Коби Брајант и сопругата Ванеса

Еден од нив да остане жив во случај на несреќа- ова бил „пактот“ на Коби Брајант и сопругата Ванеса

Американската кошаркарска легенда Коби Брајант и неговата ќерка Џиана ги загубија животите во неделната хеликоптерска несреќа во која смртно настрадаа уште седум лица.

Сопругата Ванеса и останатите три ќерки не беа со славниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс во леталото што се урна кај местото Калабасас во Калифорнија. А, тоа, според американските медиуми, не било случајно.

Брајант и Ванеса, како што наведе извор за магазинот „Пипл“ (People), имале договор да не летаат никогаш заедно од причина еден од нив да остане жив во случај на несреќа.

Истиот извор за „Пипл“ потврди дека Ара Зобајан, кој е меѓу седумте загинати во несреќата, бил единствен пилот со кого Брајант летал додека се возел со хеликоптер.