понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 96
home Познати

Еден од најмоќните парови во светот на познатите е пред развод

Еден од најмоќните парови во светот на познатите е пред развод

Тие важеа за еден од најмоќните парови во светот на познатите, но веќе подолго време заедно не се појавиле во јавноста, а тоа е последица на брачната криза која резултирала со развод.

Уредничката на модниот магазин „Vogue“, Ана Винтур, после 16 години брак се разведува од милионерот Шелби Брајан.

Не се знае точната причина за крајот на љубовта, но странските медиуми пишуваат дека Шелби се зближил со својата поранешна сопруга Кетрин. Неа ја оставил поради Ана.

Инаку, првата голема причина за кризата во нивниот однос било тоа што се открило дека Шелби Брајан на даночната служба ѝ должи дури 1,2 милиони долари. Оттогаш нивниот однос оди во надолна линија.

Коронавирус