сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 26
home Познати

Еден детаљ ги издал: Меган Маркл и принц Хари го чекаат првото дете (ФОТО)

Еден детаљ ги издал: Меган Маркл и принц Хари го чекаат првото дете (ФОТО)

Последното патување на принцот Хари и Меган Маркл крие тајни пораки кои укажуваат на тоа дека кралскиот брачен пар го очекува своето прво дете.

Имено, за време на дружењето со обожавателите кои возбудено ги дочекаа Хари и војвотката, една од присутните фанови му поставило незгодно прашање на Хари за татковството.

„Мојот сопруг исто така има црвена коса, а ми подари пет деца. Кога ти и Меган ќе го направите своето?“, прашала љубопитната госпоѓа.

Нејзиното духовито и ни малку суптилно прашање го насмеало Хари, па принцот се издал:

„Пет деца? Тоа е премногу.“

Покрај тоа што Хари проговорел за неговите потомци, неговата сопруга Меган Маркл направила еден гест во Даблин кој би можел да им оди во прилог на гласините за нејзината бременост.

Во текот на забавата што се одржувала за време на нивната посета, војвотката од Сасекс ја подигнала чашата за шампањ за да наздрави, но медиумите пренеле дека се воздржала од земање голтка и дека само ја доближила чашата до устата.

Фактот што Меган одбегнува да пие алкохолни пијалаци секако може да е знак за тоа дека кралскиот пар наскоро ќе ја објави среќната новост.

Коронавирус