понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 90
home Познати

Ѕвездата од „Беверли Хилс“ се разведува по 15 години брак

Ѕвездата од „Беверли Хилс“ се разведува по 15 години брак

Актерката Тори Спелинг се разведува од сопругот, актерот Дин Мекдермонт.

Веќе подолго време кружат гласини дека парот повторно е пред развод. Актерката долго не објавила фотографија со сопругот на социјалните мрежи, а сега е видена и без бурма на раката.

Тори и Дин се запознаа на филмски сет во период кога двајцата биле во брак со други лица. Аферата ја започнале првата вечер кога се запознале, а набрзо од своите тогашни партнери побарале развод. Парот заедно има пет деца, синовите Лијам (14), Фин (8) и Боа (4), како и ќерките Стела (12) и Хати (9).

Својот брачен живот го прикажаа и во реалното шоу “Tori &Dean: Inn Love” од април 2007 до 2012 година.

Парот и претходно беше пред развод поради неговото неверство во 2013 година, кое го призна во документарна серија.

ЕУРО 2020

Македонија