вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 148
home Познати

Ѕвездата на „Беверли Хилс“ ја губи битката со страшната болест – И се бројат деновите

Ѕвездата на „Беверли Хилс“ ја губи битката со страшната болест – И се бројат деновите

Шенон Доерти (49), американска актерка најпозната по улогите како Бренда Волш во тинејџерската серија „Беверли Хилс“ и Пруденс Халивел во „Вештерки“, повторно се бори за својот живот.

Иако пред неколку години го надмина канцерот на дојка и се врати на малите екрани, во февруари годинава, Шенон објави дека канцерот се вратил, се проширил на лимфните јазли и дека сега е во последната, 4. фаза.

За состојбата на актерката извести нејзиниот колега од серијата, „Беверли Хилс“, Џејсон Пристли, кој го глумеше ликот на Брендон, братот на Бренда.

Во интервју за телевизиската станица „Студио 10“, тој изјави дека Доерти е во „прилично добар дух“ и дека нема да престане да се бори со сите сили за живот.

-Шенон е навистина силна девојка, таа е борец и секогаш беше борец и знам дека ќе продолжи да се бори колку што може – вели Џејсон.

Сепак, пријател на Доерти, кој сакал да остане анонимен, за медиумите открива поинаква слика за здравјето на актерката.

-За жал, нејзината состојба е толку лоша што мислам дека нема да доживее да ја види 2021. година. Таа умира! Ова го кажувам со тешко срце, но Шенон не сака да бега од вистината и знае што ја чека наскоро – изјавил изворот близок до актерката.

Коронавирус