петок, 4. декември 2020. Вести денес: 4
home Познати

Ѕвездата која пребрзо се угасна- почина 25 годишната пејачка, фановите се опростуваат од неа (ФОТО)

Ѕвездата која пребрзо се угасна- почина 25 годишната пејачка, фановите се опростуваат од неа (ФОТО)

Пејачката и манекенка Џина Родџерс почина на 25 годишна возраст, потврдија ова утро нејзините менаџери.

Таа кариерата ја започна како модел на 14 годишна возраст кога потпишала договор со „Ford Models“, по што реши да се проба и во музиката, па започна музичка кариера како рапер.

За жал Џина која беше омилена меѓу народот почина, ќе ни недостига на сите, вели нејзиниот менаџер.

Таа долги години се борела со зависноста од дрога, а во 2018 година истакна дека успеала да ја победи зависноста.

-Мојата мајка ќе биде ужасно разочарана ако нејзината смрт ја искористам како изговор дека повторно паднам. Тоа е само причина за никогаш да не се откажам од моите соништа, раскажа за медиумите неодамна младата пејачка.

Фановите се опростуваат од 25 годишната пејачка на социјалните мрежи со коментари дека била ѕвезда која прерано се угасила.

Коронавирус