понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 179
home Познати

Џулија Робертс проговори за сцената поради која се срами 20 години (ВИДЕО)

Џулија Робертс проговори за сцената поради која се срами 20 години (ВИДЕО)

Џулија Робертс во ток-шоу на поранешната актерка Бизи Филипс  зборуваше за најнепријатниот момент во својата кариера што се случи пред речиси 20 години.

Во 1999 година Џулија се појави на премиерата на филмот „Нотинг Хил“ во црвен фустан со кратки ракави, и во еден момент, кога актерката им мавташе на обожавателите, ги откри своите неизбричени пазуви.

Бизи ја праша актерката дали тоа билo изразување на феминистички став или само незгода.

-Оваа фотографија ми се врежа во сеќавањето од моментот кога е создадена. Едноставно не ја проценив добро должината на ракавите  и тоа мавтање и како сето тоа ќе излезе, па открив прилично лична работа… Значи, тоа не беше покажување став, туку повеќе нешто што зборуваше за мене како личност, рече Џулија и еднаш засекогаш ја разјасни сцената со влакнестите пазуви на црвениот килим.

Коронавирус