понеделник, 23. јули 2018. Вести денес: 80
home Познати

Џорџ Клуни повреден во сообраќајка, неговиот мотор смачкан на улица (ФОТО)

Џорџ Клуни повреден во сообраќајка, неговиот мотор смачкан на улица (ФОТО)

Џорџ Клуни доживеал сообраќајна несреќа на Сардинија, по што бил хоспитализиран.

Според италијанскиот весник „La Nuova Sardegna“, 57-годишниот актер со мотор се судрил со автомобил кој нагло го променил правецот на движење. За среќа, тој поминал без сериозни повреди. Клуни се здобил со модрици на рацете и нозете и повреда на карлицата откако удрил во шофершајбната на автомобилот.

Тој бил однесен во болница, каде му биле направени рендгенски снимки.

Пред неколку дена Џорџ и Амал беа фотографирани по романтична вечера во Лоири Порто Сан Паоло на Сардинија, каде во моментов живеат со едногодишните близначиња Ела и Александар.