четврток, 24. септември 2020. Вести денес: 169
home Познати

Џон Леџенд прогласен за најсекси маж на годината

Џон Леџенд прогласен за најсекси маж на годината

Американскиот пејач и глумец Џон Леџенд е прогласен за најсекси маж на годината, според изборот од списанието „Пипл“.

Леџенд (40) е во брак со манекенката Криси Тајген, со која има две деца.

Тој беше и првиот Афроамериканец што ги комбинираше наградите Еми, Греми, Оскар и Тони за својата дејност, пренесува Танјуг.

– Возбуден сум, но во исто време малку сум и исплашен затоа што притисокот е голем. Сега сите ќе ме загледуваат за да видам дали сум доволно секси за да ја носам оваа титула, изјави Леџенд за списанието.

Минатогодишен носител на тој статус беше британскиот глумец Идрис Елба.

Коронавирус