сабота, 18. септември 2021. Вести денес: 49
home Познати

Џиџи Хадид се прошета со ќерка и: Сите очи вперени во детската количка, а еве и зошто (ФОТО)

Џиџи Хадид се прошета со ќерка и: Сите очи вперени во детската количка, а еве и зошто (ФОТО)

Американската манекенка Џиџи Хадид (26) беше фотографирана додека одела на ручек со својата ќерка Каи во Њујорк, а по тој повод туркаше многу скапа количка.

Имено, убавата манекенка отишла во ресторанот „The Smile“ во релаксирана комбинација на облека со позлатена количка „Cybex by Jeremy Scott Wings Collection“ која чини околу 2.500 евра.

Хадид е целата во бело – носела бели панталони со циркони и бела маица, бели патики, и маслинесто зелени чорапи на сето тоа.

Убавата манекенка го заврши целиот изглед со кафени очила за сонце и многу накит, а сите се прашуваат каде е нејзиниот партнер Зејн.

„Зошто е секогаш сама со детето?“, „Каде е Зејн“, „Сè уште е убава“, „Мислам дека и треба одмор“, „Кому друг му е потребна количка со златни крилја хаха?“, Беа коментарите на нејзините фанови.

Најнови вести

Коронавирус