сабота, 21. септември 2019. Вести денес: 0
home Познати

Џибони се расплака: Солзи и сеќавања во чест на Оливер Драгојевиќ (ВИДЕО)

Џибони се расплака: Солзи и сеќавања во чест на Оливер Драгојевиќ (ВИДЕО)

Пријателите, колегите и многубројната публика не можеа да ги запрат солзите на концертот во Вела Лука во чест на годишнината од смртта на Оливер Драгојевиќ.

Музичарите на концертот „Трага во бескрајот” во чест на починатиот пејач, Оливер Драгојевиќ, не можеа да ги запрат солзите ниту на бината, ни зад неа.

На концертот во знак на сеќавање настапија Џибони, Зорица Конџа, Теди Спалато, групата Делфини, Антониот Серано, клапа Ошјак….

Тие настапија пред семејството и пријателите на Оливер, како и пред 450 негови фанови, кои успеаја да добијат карти, што беа веднаш распродадени.

Како и сите други и Џибони не можеше да ги сопре солзите, не само додека пееше, туку и додека раскажуваше за годините минати со Оливер Драгојевиќ.

Во првиот ред на концертот седеа сопругата на Оливер, Весна со синовите Дино, Давор и Дамир и нивните семејства.