Џесика Алба го потврди разводот од Кеш Ворен по речиси 17 години брак.
Наводите за нивниот развод се појавија пред седум дена, а Алба тоа го потврди и ги откри деталите преку објава на социјалните мрежи.
-Со години сум на патување на самооткривање и трансформација, и како поединец и во партнерство со Кеш, рече таа.
Таа тврди дека е горда на начинот на кој таа и нејзиниот поранешен сопруг се развиле во нивниот брак.
-Сега е време да започнеме ново поглавје на раст и развој како поединци. Ние продолжуваме да покажуваме љубов, добрина и почит еден кон друг и засекогаш ќе останеме семејство. Нашите деца остануваат наш најголем приоритет и бараме приватност во ова време, напиша Алба.
View this post on Instagram
Нејзиниот поранешен сопруг засега не го коментирал разводот, а Алба и Ворен последен пат беа фотографирани заедно во ноември минатата година.
Тие се запознале на снимањето на филмот „Fantastic Four“ во 2004 година, се вериле во декември 2007 година и се венчале на приватна церемонија во Беверли Хилс, Калифорнија следната година кога Џесика била бремена со нивната најстара ќерка.
Џесика и Кеш се венчаа во мај 2008 година и имаат три деца: ќерките Хонор (16) и Хевен (13), како и синот Хејс (7).