Оваа куќа има 10 соби и дури 12 купатила, а Џеј Ло во неа има посебна просторија само за шминкање, пренесуваат странските медиуми.

Инаку, се простира на 86 ари земја, 3.716 квадратни метри и има прекрасен поглед на цело Мајами.

Новата куќа на латино дивата е исполнета со скап мебел, а винската просторија цела е направена од дрво и има прозорци од подот до плафонот. Ја краси и посебно купатилот со парна бања, со огромна када.


