сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 54
home Познати

Џенифер Лоренс се сврши

Џенифер Лоренс се сврши

Оскаровката Џенифер Лоренс деновиве пред јавноста го покажа својот веренички прстен со „големо камче“, а потоа нејзиниот потпарол за „Пипл“ потврди дека таа и нејзиното момче Кук Мароуни се свршиле.

Нејзините обожаватели дознаа за нивната врска лани во јуни, и оттогаш тие постојано беа фотографирани заедно на љубовни состаноци. Медиумите во август објавуваа и за нивното патување во Париз и Рим.

Во септември, пак, Џенифер го поведе своето ново момче на Њујоршкиот филмски фестивал заради премиерата на филмот „Омилена“, во кој меѓу другото, глуми и нејзиниот поранешен партнер, Николас Холт.

Коронавирус