недела, 20. септември 2020. Вести денес: 63
home Познати

Џенифер Лопез со фотографија од спалната соба собра 1,2 милион лајкови за кратко време

Џенифер Лопез со фотографија од спалната соба собра 1,2 милион лајкови за кратко време

Навикнати сме Џенифер Лопез да ја гледаме во разни изданија во кои ги истакнува своите облини и атрибути.

Меѓутоа, овојпат латино дивата на својот „Инстаграм“ објави селфи во лежерно издание.

Имено, пејачката позира во тренерки и бели патики, а косата ја собра во пунџа која и паѓа на лицето.

Во описот, пејачката напиша моќна порака:

„Емпатија: Способност за разбирање и ширење сочувство кон другите“.

Со оваа објава таа собра 1,2 милион лајкови, а фановите и коментираа дека е преслатка.

Исто така оваа фотка откри и други детали од спалната соба на Џеј Ло.

Имено, во позадина може да се забележи креветот на кој има скапа постелина која чини повеќе од стотини долари. Пејачката поседува и две скапи чанти од која едната е на „Гучи“.

Во спалната соба на ѕвездата преовладуваат бело – беж нијанси.

Потсетуваме, неодамна Џенифер покажа како изгледа кога ќе се разбуди и без грам шминка.

Најнови вести

Коронавирус