сабота, 19. јуни 2021. Вести денес: 0
home Познати

Џенифер Лопез ја обвинија дека е фотошопирана, но ниту таа не им остана должна

Џенифер Лопез ја обвинија дека е фотошопирана, но ниту таа не им остана должна

Латино ѕвездата Џенифер Лопез (51), негираше дека некогаш направила пластична операција, а признава и дека никогаш не правела ботокс. Сепак, нејзините следбеници на мрежите размислуваат поинаку.

“Само би споменал дека твоето чело не мрда, ниту веѓите кога зборуваш … Дефинитивно си ставила ботокс. И тоа тон. Добро е, само велам”, гласи еден од коментарите под фотографијата на Џенифер.
“Тоа е само моето лице! Зборував 500.000.000 пати, никогаш не сум имала ботокс, не сум инјектирала ништо и не сум била на операција. Само велам”, одговори Лопез.

„Ќе бидете и вие млади и убави, ако потрошите време да бидете позитивни, љубезни и да внесете самодоверба кај другите жени“, додаде Џенифер, откривајќи на тој начин дека тоа се должи на нејзината одлична генетика.

Во една прилика, Џенифер признала дека нејзиното момче ја принудило да стави ботокс на 23-годишна возраст. Сепак, таа е среќна што одби, бидејќи и тогаш се прашуваше какво ќе биде нејзиното лице подоцна.

Најнови вести

ЕУРО 2020

Македонија